Покетино: Најдобар меч досега, не сме Челси од пред 20 години

Покетино-Најдобар-меч-досега-не-сме-Челси-од-пред-20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Челзи се пласираа во осминафиналето на ФА Купот, откако на гостински терен ја совладаа Астон Вила со 3:1.


По натпреварот и победата, менаџерот Челзи, Маурисио Покетино блескаше од среќа.

„Ова беше нашиот најдобар натпревар откако го презедов Челзи. Игравме навистина добро против исклучително тежок противник. Драго ми е што се виде дека играчите уживаат на теренот и во играта. Ние сме Челзи, очекувањата се големи, а ова е исклучително млад тим. Мислам дека растеме како целина на навистина добар начин. Јас сум оптимист, фановите нека веруваат во нас, им благодариме за поддршката“, изјави Покетино.

По голот од слободен удар, Енцо Фернадес го соблече дресот и на публикатаи го покажа своето име и бројот на дресот, а Покетино беше запрашан за таква прослава на голот на неговиот играч.

„Мораме да го запреме ова бидејќи не сме Челзи од пред 20 години. Ние веќе не сме тој Челзи. Мораме да продолжиме понатаму и треба да го направиме овој проект. Мораме да продолжиме понатаму, не ми е грижа дали луѓето се среќни или не поради мојот говор. Се грижам за клубот, за моите играчи, сакам да им помогнам“, изјави Покетино.

Челзи во осминафиналето на ФА Купот ќе игра против Лидс. Натпреварите од осминафиналето на ФА Купот се закажани за 26-28 февруари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK