На 79-годишна возраст почина Луиџи Рива, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Италија.
Минатата недела Рива беше подложен на серија медицински тестови откако беше пренесен во болница и внимателно следен од лекарите.
Сепак, неговата состојба се влоши и Италија сега се збогува со една од своите најголеми легенди.
Рива е најдобар стрелец на италијанската фудбалска репрезентација, а постигна 35 гола (42 натпревари).
За Каљари одигра 374 натпревари и постигна 207 голови. Со Италија го освои Европското првенство во 1968 година, а потоа и среброто на Светското првенство две години подоцна.
25 години ја извршуваше функцијата директор на италијанската репрезентација.