Шпанската престолнина Мадрид и Светската автомобилска федерација (ФИА), потпишаа договор за соработка до 2035 година. Трките во Формула 1 на тој начин ќе се вратат на улиците на Мадрид по 45 години.
Од 2026 година, Шпанија ќе биде домаќин две трки во првенството на Формула 1, бидејќи Каталонија е редовна локација од 1991 година.
Во вторникот, извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали и градоначалникот на Мадрид, Хозе Висенте де лос Мозос, пред медиумите го претставија планот за трката во Мадрид.
Позната е и рутата по која ќе возат автомобилите.
Трката ќе се вози недалеку од центарот на градот, патеката ќе минува и покрај некои познати градби од историска важност, што ќе додаде дополнителен шарм на овој спектакл.
Патеката ќе биде долга пет километри, ќе има 20 свиоци, а идејата на организаторот е да обезбеди капацитет за 140.000 луѓе.
Шпанија, Мадрид пред се, го доби ова значајно признание поради она што му го нуди на овој спорт преку големата база на фанови, но и поради возачите на Астон Мартин и Ферари, Фернандо Алонсо и Карлос Саинц.