Плеј-оф за пласман во Лигата на шампионите

2023-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првите три натпревари од плеј-офот за пласман во фазата по групи, во Лигата на шампионите, ќе се одиграат вечерва. Утре на програмата се преостанатите три натпревари.



Шампионот на Белгија, Антверпен, во првиот натпревар ќе му биде домаќин на АЕК. Грчкиот тим, од добро познати причини, ревашот со Динамо Загреб го одигра во саботата. АЕК, во неверојатна завршница успеа да се пласира в плеј-офот.

Во Глазгов, силите ќе ги одмерат вице-шампионите на Шкотска и Холандија. Ренеџерси ќе го пречекаат ПСВ Ајндховен.

Раков минатата сезона го постигна најголемиот успех во клупската историја, кога стана шампион на Полска. Дека успехот не бил случаен покажува и пласмант на Раков во баражот за место во групната фаза во ЛШ.

Полјаците за противник го имаат дански Копенхаген.

Утре ќе се одиграат натпреварите: Брага-Панатинаикос, Мкаби Хаифа-Јанг Бојс и Молде-Галатасарај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK