Вечерва почнуваат дополнителните квалификации за пласман на ЕП кое летово ќе се игра во Германија. За последните три места на три мини-турнири се борат 12 репрезентации. Полуфиналните натпревари се вечерва, а финалињата во вторник следната недела.
УЕФА го дизајнираше плеј-офот за ЕП за да му даде значење на своето најново натпреварување, Лигата на нации. Во плеј-офот учествуваат репрезентации кои не успеаја да се пласираат на ЕП преку квалификациите, но беа најдобро пласирани во Лигата на нации.
Плеј-офот го играат 12 репрезентации поделени во три групи по четири репрезентации. Се игра по еден натпревар, полуфинале и финале. Трите победници ќе ја комплетираат листата на учеснци на ЕУРО 2024.
Учесниците во плеј-офот не се борат само за пласман на ЕП, туку и за богатат премија на УЕФА од 9,25 милиони евра, колку што ќе добие секој победник на дополнителните квалификации.
Репрезентациите во плеј-офот знаат во кои групи ќе бидат доколку ги минат дополнителните квалификации.
Победникот од плеј-офот А, во кој полуфиналните двојки се Велс – Финска и Полска – Естонија, на ЕП ќе игра во групата Д со Холандија, Австрија и Франција.
Победникот од плеј-офот Б, во кој полуфиналните двојки се БиХ – Украина и Израел – Исланд, на ЕП ќе игра во групата Е со Белгија, Словачка и Романија.
Победникот од плеј-офот Ц, во кој полуфиналните двојки се Грузија – Луксембург и Грција – Казахстан, на ЕП ќе игра во групата Ф со Португалија, Турција и Чешка.
Низа одлични играчи, дури и легенди, се борат за пласман ЕУРО 2024 преку овој плејоф: Левандовски, Џеко, Лунин, Довбик, Зинченко, Мудрик, Кварацхелија, Гудмундсон…
Дополнителни квалификации во ЕУРО 2024:
Плеј-оф А
Полуфинале: Велс – Финска, Полска – Естонија
Домаќин на финалето: Велс или Финска
Плеј-оф Б
Полуфинале: БиХ – Украина, Израел – Исланд
Домаќин на финалето: Босна и Херцеговина или Украина
Плеј-оф В
Полуфинале: Грузија – Луксембург, Грција – Казахстан
Домаќин на финалето: Грузија или Луксембург.