Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси се уште не го потпишал новиот договор, а според сите индикации нема потпишувањето нема да се случи ниту во наредните денови и покрај тоа што Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), во четвртокот објави дека биле договорени деталите од новиот договор, според кој Пикс би останал селектор до 2026 година.
Проблемот околу новиот договор со селекторот на Србија настанал околу финансискиот дел. Станува збор за потенцијален прекин на соработката доколку Србија не обезбеди пласман во осминафиналето на претстојното Европско првенство, дознава „Спорт клуб“.
Во случај на раскинување на соработката, Стојковиќ инсистирал на обештетување во висина од еден милион евра.
Сè уште не е познато кога Пикси ќе го стави потписот на новиот договор, а новиот датум кога тоа треба да се случи е понеделник (27 мај) во 11 часот.
Конечниот збор ќе го имаат членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија. Третата точка на седницата закажана за в понеделник, ја дефинира дискусијата за продолжување на соработката со селекторот.