Пепе го подобри сопствениот рекорд во ЛШ

Пепе-го-подобри-сопствениот-рекорд-во-ЛШ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со победата од 5:3 против Шахтјор, Порто го освои второто место во групата Х и се пласира во осминафиналето.

Најдобар играч на натпреварот беше Вандерсон Галено со два гола и две асистенции. Покрај него погодија Мехди Тареми, Пепе и Франсиско Консеисао, синот на тренерот на тимот, Серж Консеисао. Данило Сикан го постигна првиот гол за Шахтјор, вториот беше автогол на Стивен Еустакио, додека третиот го постигна Егиналдо.

Капитенот на Порто, Пепе со својот гол повторно испиша историја во најелитното фудбалско натпреварување. Голот го постигна на 40 години и 290 дена и со тоа го собори сопствениот рекорд за најстар стрелец во ова натпреварување. Пепе во февруари ќе го прослави својот 41 роденден, но се уште игра на елитно ниво.

Пепе е роден Бразилец, кој како 18-годишник се пресели во Португалија, а подоцна стана репрезентативец на таа земја, со која стана европски првак во 2016 година.

Негов матичен клуб е Маритимо од каде замина во Порто, а потоа за 10 години со Реал Мадрид ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал. По епизодата во Бешикташ во 2019 година, тој се врати во Порто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK