Пелистер немоќен и пред Олборг

Пелистер-немоќен-и-пред-Олборг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележаа 13. пораз во исто толку натпревари во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола, шампионот на Македонија загуби од Олборг 28:33 (14:17). Пелистер е последен во групата, а Олборг остана на второта позиција зад Кил.

Против тимот составен од репрезентативци на Данска, Шведска и Норвешка, чии главни ѕвезди се голманот Ландин Јакобсен и Микел Хансен, Пелистер немаше никакви шанси.

Од самиот почеток ја презедоа контролата, Пелистер се држеше во првиот дел. Клучната разлика играчите на олборг ја направија во првите пет минути од второто полувреме кога стекнаа предост од седум гола.

Филип Кузмановски со девет голови беше најефикасен играч на натпреваот, ест гола постигна Борзаш, четири Пешевски.

Бјорнсен и Бартхолд со пет гола беа најефикасен кај Олборг, по четири постигнаа Влах, и Хоксер.

Последниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер ќе го одигра на гостински терен кај Колстад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK