Пелистер го победи Охрид, закажа Куп финале против Вардар


viber_image_2025-05-31_19-45-59-591.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пелистер закажа финале со Вардар во финалето на Купот на Македонија. Пелистер во второто полофинале, на завршниот турнир во Охрид, го победи домаќинот со 27:23.


Пелистер влезе како фаворит во полуфиналето, ја оправда таа улога, но до победата дојде потешко од очекувањата.

Охрид на полувреме замина со гол предност, цврсто играа домаќините и во второто полувреме, а Пелистер првата посериозна предност ја изгради во 44.минута (18:15). Охриѓани немаа намера да се предадат, пет минути подцна изедначија на 20:20.

На крајот пресуди „подолгата клупа“ на Пелистер. Победата екипата од Битола ја обезбеди на четири минути пред крајот. Во перидото од 49. до 56.минута Пелистер со серија од пет гола го реши победникот.

Финалниот меч во салата „Билјанини извори“ ќе се одигра утре од 17.30 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK