Папу Гомез ќе се пензионира

Папу-Гомез-ќе-се-пензионира.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Алехандро Папу Гомез (35) остана без клуб откако на 1. септември го раскина договорот со Севилја. Аргентинскиот напаѓач се уште нема клуб и призна дека размислува да замине во пензија.


„Ја чекам вистинската прилика, ако не дојде, ќе се збогувам. Вложив се во фудбалот и не сакам сето ова да го завршам со горчлив вкус“, изјави Гомез, кој пред девет месеци го освои Светското првенство со Аргентина.

„Фактот дека сум светски шампион се уште ми е нереален. Сфатив дека напорната работа се исплати. Се што направив се исплатеше со таа титула”.

Гомез во Европа пристигна во 2010 година во Катанија, од каде три години подоцна замина во украинскиот Металист. Пред девет години се врати во Италија и потпиша за Аталанта каде го играше најдобриот фудбал во кариерата. Последните две и пол години ги помина во Севилја.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK