Папапетру ги спаси Грците – од -15 против Нов Зелад до победа

F4yWo7RXwAAD81q.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грција се пласираше во втората рунда на Светското првенство, откако успеаја да се вратат од негатива за 83:74 победа над Нов Зеланд, предводени од фантастичниот Јоанис Папапетру, кој постигна 27 поени. Грчката репрезентација сега влегува во групата во која се Литванија и Црна Гора, како и САД, со кои веќе играа.


Грција беше во нокдаун во финишот на втората четвртина, во која Нов Зеланд имаше 43:28 предност, но потоа во второто полувреме следуваше далеку подобра игра и ескплозија на Папапетру. По одличната последна четвртина, во која „решетаа“ со тројки, Грците дојдоа и до 12 поени предност, и Нов Зеланд немаше одбрана.

Папапетру постигна 27 поени, од кои четири тројки, Ларенцакис додаде 20 за Грција, додека кај Нов Зеланд, Шеј заврши со 27 поени, а Рубен Теранги имаше 19.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK