Шест групи од Светското првенство досега го добија епилогот, што значи дека се познати четири двојки за 1/16 финалето.
Првиот натпревар ќе биде одигран на 28 јуни, од 21:00 часот, кога Јужна Африка и Канада ќе се сретнат во Инглвуд.
Ден подоцна, Холандија и Мароко ќе ги одмерат силите во Монтереј, додека Бразил и Јапонија ќе играат во Хјустон.
Исто така е познато дека на 1 јули, Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина ќе играат во Санта Клара.
Досега, селекциите на Германија, Брегот на Слоновата Коска, Мексико, Аргентина, Австралија и Швајцарија поминаа понатаму, но сеуште ги чекаат своите противници.
— OvoOno (@OvoOnoX) June 26, 2026
Чешка, Катар, Хаити, Турција, Курасао, Тунис, Јордан и Панама официјално се елиминирани од Светското првенство.
Натпреварите во групите Г, Х и И се закажани и вечерва.