Ова се 10. најплатени играчи во Евролигата

Ова-се-10-најплатени-играчи-во-Евролигата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот медиум „Израел Хајом“ објави листа на 10 најплатени играчи во претстојната сезона во Евролигата.


Во медиумите и по социјалните мрежите кружат различни информации за платите на поединци во различни клубови.

Никола Миротиќ повеќе не е кошаркарот кој има најголеми примања по сезона во елитното европско клупско натпреварување. Неговото место го зазеде Вили Ернангомез, кој за сезоната во Барселона ќе заработи 4.500.000 долари.

На второ место, со 500.000 долари помалку е Шејн Ларкин (Анадолу Ефес), а зад него е Никола Миротиќ, кој во Армани ќе има плата од 3.200.000 долари.

Четвртото место е резервирано за Валтер Таварес (Реал Мадрид) кој исто како и Костас Слукас (Панатинаикос) добива 3.000.000 за следната кампања.

Следуваат, Хуанчо Ернангомез (Панатинаикос) со 2.500.000, Скоти Вилбекин (Фенррбахче) 2.400.000, Дариус Томпсон (Анадолу Ефес) 2.300.000, а топ 10 ја заокружуваат Џабари Паркер (Барселона) и Вил Клајбурн (Анадолу Ефес) со 2.000.000.

Интересно е што на оваа листа ги нема ѕвездите на Монако, Кемба Вокер и Мајк Џејмс, а се уште, очигледно, не се знае колкава плата во Баерн Минхен ќе има Серж Ибака во Минхен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK