Верстапен победи на шпанското Гран при

verstapen_56577
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешната трка возена за Големата награда на Шпанија.







Холанѓанецот стартуваше од пол-позицијата и беше во водство сите 66 кругови. Втор заврши Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), а зад него беше неговиот сонародник и тимски колега Џорџ Расел.

Верстапен ја освои својата трета победа по ред и ја освои својата петта трка во сезоната 2023 година. Холанѓанецот продолжува да води во генералниот пласман кај возачите на Формула 1 со 170 бодови. Најблискиот конкурент за врвот е неговиот клупски колега Серхио Перез, кој заврши на четвртото место во Шпанија со 53 бода заостанување.

Ред Бул се први во поредокот за конструктори со 287 бодови. Второто место го зазема Мерцедес кој има 152 бода.

Следната трка во Формула 1 ќе се одржи во Канада од 16 до 18 јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK