Таеквондистот Георгиевски вечерва во борба за златниот медал на Европските игри

taekvondo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Теквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој освои медал на Европските игри во Краков, откако денеска избори пласман во финалето во категоријата над 87 килограми.

Противник на Георгиевски во борбата за златниот медал ќе биде Британецот Луис Канингам. Финалето е закажано со почеток во 19:45 часот.


Георгиевски, кој е носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 во Токио, во првото коло на Европските игри 2023 го совлада Матиа Молин од Италија со 2-0, по што во четвртфиналето беше поуспешен од Украинецот Андри Харвар со 2-1, а со идентичен резултат во рунди триумфираше во полуфиналето над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.

На Европските игри во Полска настапуваат 17 македонски спортисти во седум спортови. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK