Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка и Ива Димитриевска од ППК Рисови се нови македонски шампиони во пинг-понг во сениорска конкуренција.
Пласман на најдобрите тројца во двете конкуренции по одигрувањето на последниот бодовен турнир за сезона 2022/23 во сениорска конкуренција:
Машки:
1. Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
2. Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка
3. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
Женски:
1. Амелија Николов – ППК Шампион Фа
2. Сара С. Стојановска – ППК Крива Паланка
3. Ива Димитриевска – ППК Рисови
Викендот се одиграа и завршните натпревари од јуниорската машка лига каде што победи екипата на ППК Крива Паланка, пред ППК Куманово и ППК Пелагонија.