Давидовски освои нови бодови во ТЦР Европа

davidovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот возач Виктор Давидовски на вториот гран при викенд од европското ТЦР првенство се одржа на улиците во По, Франција, во првата трка стигна до четвртото место.







– Променливите временски услови овозможија да има изненадувања, бидејќи некои возачи кои ризикуваа да одат со „сет-ап“ за суво или влажно. И покрај тоа, мислам дека имавме добро подготвен автомобил, но морав да ги следам и инструкциите од тимот и да не преземам голем ризик. Конкретно, во првата трка иако бев петти, добив инструкција од тимот дека еден од возачите пред мене ќе добие казна поради предвремен старт, па дека не е пожелно да напаѓам за да престигнам во такви околности. Стратегијата беше да ја чекаме својата шанса во втората трка, кога распоредот на стартот беше во наша корист, изјави Давидовски.

Согласно пропозициите Македонецот стартуваше како четврти на втората трка во По, при што уште на стартот го помина Жулиен Нугаре, а потоа и тимскиот колега Џон Филипи, по што постигна најбрз круг и се најде веднаш зад лидерот Том Коронел.

– Во неделата имав чувство дека имам одличен автомобил. Лесно успеав да го престигнам Филипи за да се позиционирам зад лидерот Коронел. За жал, имав дефект на гумата откако избив на второто место и тоа веднаш се почувствува, поради што морав во бокс иако имав прекрасен ритам. Времињата по круг покажуваат дека сум возел речиси половина секунда побрзо од ривалите, што прави да ми биде потешко, бидејќи имав добра шанса за трофеј. Сега ќе се фоксусирам на трката во Спа и ќе се подготвувам за да бидам конкурентен на оваа патека. Сакам да се заблагодарам на тимот Comtoyou што ми даде неверојатен автомобил кој беше вистинско задоволство да го возиш на улиците во По.

Том Коронел останува лидер во генералниот пласман со 141 бод, пред Џон Филипи со 128. Давидовски со овие два пласмани се искачи на петтото место со 83 бода.

Следната трка ќе се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK