Атлетичарите од АК Куманово постигнаа одлични резултати на Државно првенство за младинци

atletika
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атлетичарите на атлетски клуб Куманово постигнаа извонредни резултати на Државното првенство за младинци кое се одржа изминатиов викенд во Скопје, соопштија денеска од клубот.

Теа Алексовска освои два златни медали, за фрлање диск и и фрлање кладиво. Таа постави нов личен и државен рекорд за младинска категорија (до 20 години), кој изнесува 37,60 сантиметри.


Злато на 100 метри со пречки освои Дијана Вукановиќ, која се врати и со два сребрени медали во дисциплините, скок во далечина и трискок. Лина Аневска, освои сребрен медал во дисциплината скок во височина, а нејзниот клубски колега во истата дисциплина освои и Марио Пешевски. Давид Тасевски постигна извонредни резултати и други четири медали. Тој освои злато во фрлање кладиво, сребрени медали за фрлање ѓуле и диск и бронзен медал во дисциплината фрлање копје. Михаил Стошевски во трискок постигна нов личен рекорд, а Леон Златков постигна личен рекорд во дисциплината на 100 метри. Во штафетното трчање 4×100 кумановските атлетичари беа близу до државниот рекорд во категоријата под 16 години, но овој постигнаа втор најдобар резултат во историјата на македонската атлетика.

– Резултатите се солидни, наредниот период очекувам подобрување на личните резултати на атлетичарите и повторно државни рекорди, изјави Филип Колевски, тренер на АК Куманово.

Наредниот период атлетичарите ќе се натпреваруваа во државата и на меѓународни натпревари, балкански првенства и европско екипно првенство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK