Од 50.000 до 2 милиони следбеници за неколку часа: Возиња по дуелот со Шпанија стана стана интернет ѕвезда


vozinja-14070815.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на Зеленортските Острови, Жозимар Жозе Евора Дијаш – Возиња, преку ноќ стана една од најголемите ѕвезди на Светското првенство по сензационалното реми без голови против Шпанија.


Најзаслужен за освоениот бод беше токму 40-годишниот чувар на мрежата, кој со неколку извонредни интервенции ги спречи Шпанците да стигнат до победа.

Неговите одбрани предизвикаа огромно внимание кај љубителите на фудбалот ширум светот, па илјадници навивачи почнаа да го следат на Инстаграм. На национална телевизија дури бил упатен повик до гледачите да го заследат Возиња како признание за неговиот настап.

По натпреварот, додека давал изјава за бразилска телевизија, водителка му покажала колку следбеници добил за само неколку часа. Возиња останал видно изненаден од бројките.

Пред натпреварот имал околу 50.000 следбеници на Инстаграм, а по ремито со Шпанија бројката пораснала на околу 2 милиони.

Возиња сè уште не се огласил на социјалните мрежи, но неговата популарност продолжува да расте, а секоја негова наредна објава веројатно ќе привлече рекорден број реакции и прегледи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK