Ново финале за Швјонтек на Ролан Гарос

12280152.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ига Швјонтек избори ново финале на Ролан Гарос. Најдобрата тенисерка на ВТА листата во полуфиналето по 96 минути беше подобра од Американката Коко Гоф со 6:2, 6:4.


Шввјонтек во сабоата ќе се бори за четвртата титула на Ролан Гарос. Доколку победи тоа ќе и биде трет последователен триумф во Булоњската шума.

Гоф се обиде но не успеа да и парира на Швјонтек, која го забележа јубилејната 20-та последователна победа на турнирот.

Уште на стартот на мечот Ига јасно стави до знаење дека ја интересира само новото финале, направи брејк и поведе со 2:0.

Таа уште еднаш го однесе сервисот на шампионката на Ју-ес опен до крајот на сетот, во петтиот гем, а потоа поведе со 5:1.

Таа лесно го заврши сетот со 6:2 по 37 минути игра.

Гоф прва направи брејк во вториот сет, се чинеше дека ќе успее да го направи мечот поинтересен кога го потврди брејкот за 3:1.

Сепак, Швјонтек успеа веднаш да го врати загубеното и потоа освои три гема во низа за водство 5:3.

Во финалето ќе игра со победничката од мечот помеѓу Јасмин Паолини и Мира Андреева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK