Новокрунисаната шампион од САД опен, Коко Гоф признава дека станала тенисерка само поради влијанието на сестрите Серена и Венус Вилијамс. 19-годишната Гоф стана 14-тата американска тенисерка со победа на САД опен со победата над Арина Сабаленка во финалето во Њујорк.
„Лудо е што сега и моето име е на овој трофеј покрај Серена и Венус. Тие се главната причина што воопшто го имам овој трофеј. Да бидам искрена, почнав да верувам во мојот сон поради нив. Додека растев немаше многу црни тенисерки, и се сеќавам само на нив. Но, сите работи низ кои тие поминаа ми го направија мојот пат полесен. Видете ја историјата со Серена на Индијан Велс, со цела борба за еднаквост со парите. Вистинска чест е да се биде во тоа друштво“, вели Гоф.
Пред Венус и Серена, првата Афроамериканка со гренд слем титула беше Алтеа Гибсон со титулите од Ролан Гарос во 1956 и САД опен во 1957 и 1958 година.