Нов кикс на Наполи, Фиорентина во финишот го скрши Торино

Нов-кикс-на-Наполи-Фиорентина-во-финишот-го-скрши-Торино.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Вечерва од 18:30 часот се одиграа два натпревари од 18.коло во италијанската Серија А.
Фудбалерите на Наполи ремизираа 0:0 на домашен терен со екипата на Монца, a Фиорентина во финишот го скрши отпорот на Торино (1:0).

Актуелниот шампион на Италија ја продолжи серијата натпревари без победа, па по поразот од Фросиноне и Рома, одигра нерешено со тимот од северот на земјата.

Натпреварот го одбележа голема нервоза на стадионот „Диего Марадона“, но пред бурниот финиш гостите имаа идеална можност да поведат во 68. минута кога пеналот на Песина го одбрани Мерет.

Судијата Ди Бело покажа дури осум жолти картони и два црвени, исклучени беа тренерите Валтер Мацари и Рафаеле Паладино.

Наполи остана без шанси да ја одбрани титулата, со натпревар повеќе веќе има 16 поени помалку од лидерот Интер.

Воедно, Фиорентина го совлада Торино со 1:0 во Фиренца и со тоа уште еднаш стигна до четвртата позиција на табелата во Серија А.

Првото полувреме го одбележа поконкретна игра на „биковите“ кои се заканија преку Лазаро и Запата, а вториот дел од натпреварот им припадна на домашните.

Во 83.минута по Лука Раниери по центаршутот на Кајоде го постигна голот за победа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK