Foto/ EPA
Ракометните репрезентации на Данска, Норвешка и Шведска остварија победи во првото коло на Европското првенство во Германија.
Актуелните шампиони, репрезентативците на Шведска лесно ја совладаа Босна и Херцеговина со 29:20 во натпреварот од групата Е во Манхајм.
Најзаслужни за триумфот беа Ване со девет гола, Сандел постигна пет, а Готфридсон четири.
Кај БиХ најдобар беше Фаљиќ со четири гола, а Херцег и Паниќ постигнаа по три.
Во Минхен, во групата Ф, во натпревар со малку голови, Данска беше подобра од Чешка со 23:14.
Најефикасни Данци беа Хансен со пет, односно Ландин и Питлик со по четири гола.
Норвешка ја декласира Полска (32:21) во натпреварот од групата Д во Берлин.
Сагосен ги предводеше Норвежаните со шест гола, Ред додаде пет, додека Бертолд и Јохансен постигнаа по четири.