Никола Карабатиќ во пензија по Олимпијадата во Париз

F4YwlyGW4AAdjIw.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од најдобрите француски ракометари во историјата, Никола Карабатиќ потврди дека ова ќе му биде последна сезона во неговата кариера, обраќајќи се до навивачите на Пари Сен-Жермен.


39-годишниот Карабатиќ веќе има 21 сезона професионален ракомет зад него и сега најави дека последен турнир ќе му бидат домашните Олимписки игри во Париз во 2024 година.

„Животот понекогаш ни дава прекрасни подароци, како можноста да завршам каде што почнав. Денеска ја почнувам својата 22. и последна професионална сезона во боите на Пари Сен-Жермен, клуб кој ми е во срцето. Сите овие години го дадов срцето и душата во спортот кој го обожавам. Сметајте дека ќе дадам 200 отсто оваа сезона само да ви се заблагодарам“, вели Карабатиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK