Финалистката од минатата година во Мелбурн, Елена Рибакина, испадна во второто коло на годинешното издание на Австралија опен. Во неверојатен меч кој траеше два часа и 48 минути, третата носителка загуби од Ана Блинкова (57. на ВТА листата).
Блинова славеше со 2:1 (6:4, 4:6, 7:6 (22:20). Спектакуларната борба на двете тенисерки го обележа супер тај-брејкот од 35 минути, во кој беа одиграни 42 поени.
Претходно, во третиот сет, Блиноква два пати сервираше за победа, но Рибакина два пати успеваше да направи брејк и да остане во мечот.
Драмата кулминираше во супер тај-брејкот, Рибакина не искорсити шест меч топки, а Блинкова десеттата меч топка ја претвори во победа.
Блинкова во третото коло на Австралија опен ќе игра против Италијанката Јасмин Паолини која со 6:2, 6:3 ја совлада Германката Татјана Марија.
Претходно второто коло на Австралија опен го минаа: Украинките Дијана Јастремска и Елина Свитолина, Кинеските Јафан Ванг и Квинвен Женг, првата носителка Ига Швјонтек од Полска, Чехинката Линда Носкова, Швајцарката Викторија Голубиќ, Французинките Клара Бурел и Осеан Додин, АмериканкитеЕма Наваро и Слоан Стивенс и Русинката Ана Калинскаја.