Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе биде нов член на италијанскиот второлигаш Тернана, открива „Газета дело Спорт“. Напаѓачот постигнал договор со новиот клуб, а набрзо треба трансферот да биде и официјализиран.
Тернана претходно ќе треба да се ослободи од двајца напаѓачи, Ровања и Феранте.
За Илија Несторовски летово постоеше интерес од неколку клубови од Серија Б, пред сѐ Венеција и Козенца, но на крајот тој одлучил да пристапи на Тернана.