Неочекуван пораз на Хрватската кошаркарска репрезентација

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на Нов Зеланд  ја победија Хрватска со 90:86 во натпреварот од второто коло од квалификациската група Ц1 за Олимписките игри и на тој начин ги сочуваа шансите за пласман во полуфиналето на турнирот во Атина, на кој и покрај денешниот пораз, Хрватска се има веќе квалификувано.


Пред почетокот на последниот дел, Хрватска имаше пет поени предност (79:74), но Нов Зеланд успеа да направи голем пресврт во финишот и да оствари победа која ги остава во трка за место во полу- финале.

Кори Вебстер го предводеше Нов Зеланд до победата со 21 поен, Шеи Или имаше 18, Ајсаја Мориохаху-Лиф 14, Томас Џејмс Воданович 11 и Јаник Вецел 10.

Кај Хрватска најефикасен беше Ивица Зубац со 29 поени и 14 скока, Дарио Шариќ имаше 19, Марио Хезоња 16, Дарио Дрежњак 10, а Џелин Смит девет поени со пет асистенции.

Вчера Хрватска ја совлада Словенија (108:92) и поради +12 поени веќе обезбеди пласман во полуфиналето, но од кое место останува да видиме. Ако Нов Зеланд ја победи Словенија, Хрватска ќе биде втора, а Хрватска ќе остане прва доколку Словенија го победи Нов Зеланд со помалку од 29 разлика.

Доколку Словенија го декласира Нов Зеланд со повеќе од 29 поени, ќе го освои првото место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK