Почина младиот фудбалски судија и пливач, 20-годишниот Иван Бусато, објавија хрватските медиуми.
Тој минатата година го освои првото место на хрватскиот шампионат за сениори во дисциплината 1.500 метри слободно.
Бил член и на пливачкиот клуб „Јадран“.
„Вчера, ненадејно, на 20-годишна возраст почина Иван Бусато, фудбалски судија на НСЖСД. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството“, пишува во соопштението на фудбалскиот сојуз на Сплитско-далматинската жупанија.