Нема одобрение од родителите нема да игра на Копа Америка

1685397261_captura_de_pantalla_2023-05-29_a_las_18.49.37.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Играчот за врска на репрезентацијата на Боливија, шеснаесетгодишниот Мозес Паниагва, од бизарна причина нема да игра на Копа Америка. Тинејџерот нема дозвола од еден од неговите родители да патува.



Паниагва, кој игра за локалниот клуб Олвејз Реди, не дебил виза за влез во Соединетите Држави бидејќи немал дозвола од двајцата родители да патува.

Веста ја потврди Фудбалскиот сојуз на Боливија преку соопштение, без да прецизира кој од родителите не ја потпишал потребната согласност.

Младиот играч од средниот ред испиша историја, во февруари во Копа Либертадорес, кога стана вториот најмлад стрелец во ова натпреварување со само 16 години и 188 дена. Тој постигна гол во победата на неговиот тим против Спортинг Кристал од Перу.

Боливија ќе се натпреварува на Копа Америка во групата Ц, во која се и САД, Парагвај и Панама.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK