Помошникот на селекторот на Словачка и легенда на Наполи, Марек Хамшик, раскажа анегдота во пресрет на осминафиналето на Европското првенство против Англија в недела во 18 часот.
„Има моменти кога луѓето не ме препознаваат. Се шетав пред некој ден и група македонски фанови сакаа да се фотографираат, но сакаа фотографијата да им ја направам јас.
Го сторив тоа и им кажав дека го познавам (поранешен) капитен на Македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев.
Не ми веруваа, но потоа проверија на „Гугл“… После тоа ме препознаа, па заедно се фотографиравме“, раскажува 36-годишниот Хамшик, сега без препознатливиот „хирокан“ познат по своите играчки денови.