Нан го однесе ПАО на завршниот турнир во Берлин

12208399.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кошаркарите на Панатинаикос по пауза од 12 години изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. Вечерва пред 20.000 навивачи во „ОАКА“, Панатинаикос ја доби мајсторката против Макаби со 81:72.

Панатинаикос клучната предност ја направи во воведните четири минути од последната четвртина, период во кој Макаби постигна само два поени.

Големо влијани врз конечниот резултат имаше и односот на слободните фрлања, Панатинаикос изведе 35, Макаби само 10.

Најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 26 поени, Костас Слукас имаше уште една добра партија со 15 поени и шест скока, додека Хуанчо Ерненгомес постигна 11 поени. Матијас Лесор беше блиску до дабл-дабл учинок со девет поени и 11 скока. Францускиот центар од линијата за слободни фрлања погоди три пати од 14 обиди.

Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 17 поени.

На завршниот турнир во Берлин од 24 до 26 мај, Панатинаикос во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Монако и Фенербахче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK