Најлошиот клуб во историјата на Лигата на шампионите?


screenshot-2026-11-25-213151.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Славија Прага загуби дома од Виљареал со 0:1 во петтото коло од Лигата на шампионите и постави неславен рекорд во елитното европско клупско натпреварување. Чешкиот шампион нема победа во главната фаза од Лигата на шампионите 24 натпревари по ред. Единствениот гол во вечерашниот натпревар го постигна Канаѓанецот Таџон Бјукенен во 62-та минута.


Славија со тоа го надмина претходниот негативен рекорд на романската Стеауа, која не победи во 23 последователни натпревари од Лигата на шампионите помеѓу 2006 и 2013 година. За време на нивната црна серија, Чесите регистрираа осум нерешени резултати и 16 порази.

Славија ја постигна својата последна и единствена победа во главната фаза од Лигата на шампионите против Стеауа. Тоа беше во септември 2007 година, кога победи со 2:1 во својот дебитантски натпревар во натпреварувањето на домашен терен.

Оттогаш, оовј клуб настапи во уште три изданија од Лигата на шампионите, но никогаш не успеа да освои три бода. Минатата сезона, тие завршија на 34-то место во лигашката фаза со три нерешени резултати и пет порази.

Славија освои само еден бод во пет кола оваа сезона со гол-разлика од 5:10. Загубија од Ленс (2:3), Сабах (0:2), Арсенал (1:2) и Виљареал (0:1), а единствениот бод што го освоија беше на гостински терен против Фенербахче (2:2).

До крајот на лигашката фаза ги очекува исклучително напорен распоред. Ќе гостуваат кај Баерн и Порто, а во последното коло ќе бидат домаќини на Астон Вила.

Тимот предводен од Јиндрих Трпишовски има многу мали шанси да се пласира меѓу 24-те најдобри тима и да продолжи во натпреварувањето.

Foto: EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK