Нагелсман преговара со други клубови

Нагелсман-преговара-со-други-клубови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јулијан Нагелсман не одбил преговори со неколку заинтересирани клубови, меѓу кои се издвојува Барселона, иако како актуелен селектор на Германија и го чека голем предизвик во јуни на Европското првенство кое ќе се игра токму во неговата татковина.

Како да насетува катастрофа пред домашната публика, што можеби и не е неочекувано ако се погледне кризата која ги зафати Германците.

Германските медиуми пренесуваат дека Нагелсман преку својот менаџер им кажал на заинтересираните клубови дека договорот со Германскиот фудбалски сојуз ќе му истече по завршувањето на Европското првенство.

Вака или онака, младиот селектор, кој поради низа чудни околности се најде на клупата на репрезентацијата, се чини дека не верува во можноста за продолжување на соработката со националниот Сојуз и по 14 јули и финалето на ЕУРО 2024.

Минатата сезона Нагелсман неочекувано беше отпуштен од Баерн неполни шест месеци откако го презеде најмоќниот германски клуб како суперталентиран стратег на Лајпциг.

Со оглед на тоа што заминувањето на Нагелсман од Баварија се совпадна со заминувањето на Ханси Флик од клупата на германската репрезентација, овој 36-годишник не беше долго без работа, на крајот на септември минатата година беше назначен за селектор на Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK