Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандес (34) ќе ја продолжи кариерата во тимот на Ал-Итихад, им потврди клубот на шпанските медиуми. Фудбалерот кој целата своја кариера ја мина во „кралскиот клуб“, ја прифатил попрофитабилна понуда од онаа што ја добил од Реал за да го продолжи договорот.
Договорот на Начу истекува на последниот ден од јуни.
Шпанска „Марка“, пишува дека Реал Мадрид му нуди 5,5 милиони евра по сезона, а Саудијците многу повеќе, 20 милиони по сезона и двегодишен договор. Истовремено, му се понудиле одредени даночни олеснувања.
Начо до неодамна претпочиташе да се пресели во МЛС, таа опција му беше поблиску од Саудиска Арабија, но спортскиот директор на Ал-Итихад Рамон Планеш, кој во последните неколку дена беше во Мадрид поради Начо, успеа да го убеди да ја смени одлуката.
Начо ќе го напушти Мадрид како најтрофеен фудбалер во клупската историја. Со Реал освои 26 трофеи, исто толку има и Лука Модриќ.