Муслиу: Мораме да се покажеме на повисоко ниво

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската репрезентација се подготвува за двата нови меча од квалификациите за Европското првенство во 2024 година, тешкиот дуел со Италија на домашен терен на 9 септември и дуелот со Малта, кој едноставно мораме да го добиеме.







Своите очекувања од натпреварот со европскиот првак, Италија ги сподели дефанзивецот, Висар Муслиу за веб-сајтот на ФФМ.

„Сакаме да се покажеме во најдобро светло, за разлика од последните натпревари. Мора да бидеме на високо ниво и тактички и физички. Италија секако има план за натпреварот, ние исто така. Страв нормално дека не постои, не играме прв пат против европскиот првак. Дуелите против Украина и Англија треба да ги заборавиме, повеќе боли мечот со Украина, отколку тој во Англија, но тоа е веќе минато. Мора да гледаме напред“, вели Муслиу.

Фото: ФФМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK