Мурињо: Серијалот на Нетфликс открива дека сум целосно луд

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жозе Мурињо, одржа интересна прес конференција по победата на Рома над Кремонезе во Купот на Италија. Португалецот демантираше дека преговара со Њукасл, откри дека не е сигурен дали имал понуда да ја преземе репрезентацијата на Бразил и потврди дека наскоро Нетфликс наскоро ќе емитува серија за него, во која светот ќе открие дека е целосно луд.


Португалскиот стручњак е под договор со Рома до крајот на сезоната. Барем засега од клубот не сакаат да откриваат детали дали ќе се обидат да го задржат Мурињо. Во меѓувреме, Мурињо се поврзува со други работни места. Се споменуваше можноста за преземање на тимот на Њукасл, но и на бразилската репрезентација.

„Не знам дали е вистина за Бразил бидејќи не сум разговарал директно со никого. Му реков на мојот агент дека не сакам да влегувам во преговори додека Рома не одлучи дали ќе останам или ќе заминам. Не мислам дека Рома преговара со други тренери. За мене чесноста е најважна и немам причина да мислам дека семејството Фридкин не е искрено. Јас им верувам целосно“, рече Мурињо и додаде:

„Сè уште не сум потпишал со Рома, но му дадов збор на клубот. Имав понуда, нема да кажам од кого, но ја кажав во серијата на Нетфликс. Сакаа да го прекршам зборот што му го дадов. Рома и јас одбивме. За понудите што ќе ги добијам прво ќе го известам претседателот на клубот. Верувам во реципроцитет и затоа мислам дека така ме третираат во клубот и дека се што е во доменот на шпекулации“.

„Сето ова не значи дека се уште ме сакаат во Рома, но не верувам дека преговараат со други зад мојот грб. Ќе ви кажам зошто и ќе ви откријам нешто. Следната недела ќе почне да се емитува серија за мене на Нетфликс. Ја опфаќа целата моја кариера, има работи што никогаш никому не сум ги кажал. Во таа серија ќе откриете дека сум целосно луд“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK