Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, повторно привлече големо внимание, со својот духовит коментар по натпреварот со ПСВ Ајндховен во кој неговиот тим губеше со 0:1 на полувреме, само за да направи целосен пресврт во продолжението и да слави со убедливи 5:1.
По триумфот над шампионот на Холандија во 5. коло од Лигата на шампионите, Реал ја оствари својата 10-та последователна победа во сите натпреварувања.
На прашањето што се случи во соблекувалната за време на паузата и како тимот успеа толку многу да го промени ритамот и ефикасноста во второто полувреме, Португалецот одговори кратко и сликовито:
„Полувреме? Соблекувалната е како Лас Вегас. Што се случува во Вегас, останува во Вегас“, рече Жозе Мурињо во негов стил.
По нецелосното петто коло, Реал е единствениот со максимални 15 бода (сите пет победи). По нив следуваат Пари Сен Жермен (натпревар помалку), Комо и Бетис со 12. Арсенал има 11 бодови.
Foto/ Depositphotos