Модриќ урна рекорд стар 60 години

6f2ce1edf4254922815cf19171dbc703.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Со синоќешниот настап во полуфиналето против Баерн во Минхен, Лука Модриќ влезе во историјата на Реал.

Модриќ против Баерн урна рекорд стар 60 години. Со 38 години и 234 дена, тој стана најстариот играч што одиграл натпревар во дресот на Реал, во Лигата на шампионите или Купот на шампионите.

Досега рекордот го држеше легендарниот Ференц Пушкаш, кој настапи за „Кралскиот клуб“ во ноември 1965 година, исто така во ремито 2:2 на гостувањето кај Килмарнок, со 38 години и 229 дена.

Хрватскиот играч за врска против Баерн го забележа својот 126. настап во Лигата на шампионите и се наоѓа на 16. место на вечната листа. Во историјата на Реал повеќе натпревари од него во Лигата на шампионите одиграле Серхио Рамос (129), Раул (130), Карим Бензема (133) и Икер Касиљас (150).

Модриќ, синоќа го забележа 17. настап во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во историјата на Лигата на шампионите повеќе настапи од него во оваа фаза од натпреварувањето имаат само Бензема (18), Тони Крос (19) и Кристијано Роналдо (21).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK