Лука Модриќ откри дека нема да го напупти Реал Мадрид и дека не размислува за трансфер во Саудиска Арабија.
Модриќ од летниот преоден рок се поврзува со клубови од Саудиска Арабија.
„Мојот план е да продолжам да пишувам историја во Реал Мадрид, да победувам и да освојувам трофеи и се надевам дека ќе го направам тоа оваа сезона. Се надевам дека ќе уживам во секој момент бидејќи никогаш не знаеш уште колку можности ќе имаш во најдобриот клуб во светот“, изјави Модриќ.
Хрватот има договор до јуни 2024 година, но не е невозможно да ја продолжи соработката со Реал на уште една сезона.
Тој во Реал пристигна во летото 2012 година од Тотенхем за 40 милиони евра.