Мистиано Пеналдо, напиша „Би-би-си“ откако Роналдо промаши пенал

mistiano.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Португалија не го понесе епитетот на трагичар по промашениот пенал против Словенија, откако неговата репрезентација успеа да се пласира понатаму по подоброто изведување на пеналите.


На крајот од второто продолжение Роналдо имаше шанса да го доведе Португалецот до победа, но Јан Облак му го „прочита“ ударот и го одбрани, па играта беше решена по дополнителните удари од белата точка.

Таму блесна колегата на Облак од другата страна, Диого Коста, кој одбрани три пенали.

Сепак, по мечот подеднакво внимание привлече потегот на британскиот „Би-би-си“.

На оваа телевизија промашувањето на Роналдо беше придружено со графичкиот потпис „Мистиано Пеналдо“, алудирајќи на неговиот неуспешен обид.

А нивниот потег го нападнаа навивачите, кои или застанаа во одбрана на Роналдо или укажуваа на „срамното однесување на Би-Би-Си“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK