Миовски во јануари се сели во Селтик?

Миовски-во-јануари-се-сели-во-Селтик.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шкотскиот великан Селтик, во зимскиот преоден рок има намера да го ангажира македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.



Менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс, од почетокот на сезоната го следи Миовски, тврди братански „Сан“.

На Селтик, на почетокот на годината ќе биде без Јапонците Маеда и Фурукаши, кои со својата репрезентација ќе бидат на Купот на Азија.

Миовски од минатата сезона е во Абердин. Во првата сезона постигна 18 голови, а во новата веќе 11 пати бил стрелец.

Абердин за трансферот на Миовски издвои 650.000 фунти. Британците тврдат дека доколку Слртик навистина го сака во своите редови, тогаш ќе мора да го одврзе кесето. Се шпекулира дека за трансферот ќе треба да издвојат 4.500.000 фунти.

Миовски има договор со Абердин до јуни 2026 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK