Милвоки сака да го донесе Лилард

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарот на Портланд, Демиен Лилард би можел да ја продолжи кариерата во Милвоки.
Шпекулациите за неговиот трејд продолжуваат, а она што секој ден станува се појасно е дека Лилард е се подалеку од Мајами.


Тимот од Флорида во еден момент беше единствената опција за искусниот плејмејкер, но засега на адресата на Портланд не пристигнала задоволителна понуда.

Според инсајдерот во НБА, Марк Спирс, Мајами го пунидил Тајлер Хиро и два идни пика во првата рунда на драфтот, што е премалку за играч од калибарот на Лилард.

Тоа отвори простор за други тимови, а меѓу нив се и Бакс.

„Блејзерси продолжуваат да разговараат со други тимови. Слушнав од Чикаго, Милвоки, па дури и Филаделфија“, рече Спирс.

Милвоки е јасно решен да го засили својот тим и да го убеди Јанис Адетокунмбо да остане. Гркот неодамна истакна дека не ја исклучува опцијата еден ден да си замине од тимот со кој ја освои титулата, доколку има поголеми шанси тој успех да го повтори на друго место.

Со приближувањето на новата сезона, има малку време Портланд да дејствува и конечно да стави крај на сагата за Лилард.

Целата ситуација може да се промени доколку Мајами, кој е посакуваната дестинација на играчот, значително ја подобри својата понуда. Во тој случај нема да има дилема.

Кога станува збор за Милвоки, не е јасно од кого точно би се откажале за играч кој минатата сезона имаше просек од 32,2 поени. Бакс доаѓа од разочарувачка сезона, но и покрај тоа, веројатно нема да се откажат од некој како Крис Мидлтон или Џру Холидеј, кои беа веднаш до Адетокумбо во шампионската сезоната во 2021 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK