Милвоки Бакс му врачија отказ на тренерот Адријан Грифин, пренесува „EСПН“.
Привремено решение ќе биде неговиот асистент Џо Прунти.
Бакс планираат брзо да најдат трајно решение, на располагање се искусни тренери, а Док Риверс е на врвот на нивната листа на желби.
Што се однесува до Грифин, тој на почетокот на сезоната беше промовиран во главен тренер на Милвоки.
Пред тоа беше асистент во Торонто, Оклахома, Орландо, Чикаго и Милвоки.
Бакс моментално се наоѓаат на второто место на Истокот со скор 30-13.