Милитао ќе се врати на терените во финишот на сезоната

Милитао-ќе-се-врати-на-терените-во-финишот-на-сезоната.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стоперот на Реал Мадрид, Едер Милитао успешно се опоравува од тешката повреда и наскоро би можел да се врати во тимот.


Бразилецот и предводникот на одбраната на Реал уште во август заработи тешка повреда на лигаментите на коленото. Првичните прогнози беа дека за него сезоната е завршена, но рехабилитиацијата се одвива подобро од планираното и тој би можел да се врати во тимот на Реал во финишот на сезоната.

Мадридските медиуми посочуваат дека враќањето на Милитао е темпирано за најважниот дел од сезната, за четвртфиналето во Лигата на шампионите и финишот во борбата за титулата во Ла Лига.

За разлика од него, Давид Алаба сигурно ја заврши сезоната и нема да се врати до крајот на сезоната, додека не е невозможно Тибо Куртоа напролет да биде меѓу стативите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK