Милевски и Саутгејт ги открија картите

Милевски-и-Саутгејт-ги-открија-картите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Македонија вечерва ќе го заврши квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во Германија. На домашен терен, Македонија ќе ја пречека официјално четвртата селекција на ФИФА листата, Англија.

Селекторите Благоја Милевски и Герет Саутгејт ги одредија составите за натпреварот чии почеток е закажан за 20.45 часот.

Милевски, во однос на тимот кој го започна натпреарот во петокот, против Италија во Рим, нарави две измени. Двете измени се во централниотдел од теренот. Наместо Елези и Адеми, против Англија ќе стартуваат Алими и стрелецот на двата гола против Италија, Атанасов.

Од друга страна, Саутгејт се реши да го остави на клупата капитенот на репрезентацијата, Хари Кејн, нападот ќе го предводи Оли Воткинс од Астон Вила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK