Милан најави изградба на нов стадион со 70.000 седишта

Милан-најави-изградба-на-нов-стадион-со-70000-седишта.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сопствениците на поранешниот европски шампион, Милан најавија изградба на нов стадион, со што според нив клубот ќе може рамноправно да се натпреварува со елитните тимови на континентот, изјави во четвртокот извршниот директор Гери Кардинале.

На „Фајненшл Тајмс Бизнис оф Фудбал Самит“ во Лондон, Кардинале објави дека клубот ќе добие нов дом со 70.000 седишта.

„Тоа треба да биде добро не само за Милан, туку и за цела Италија и Серија А“, изјави Кардинале.

Милан и градскиот ривал Интер веќе подолго време размислуваат да се преселат од историскиот стадион „Сан Сиро“, кој е во сопственост на градските власти и да изградат свои стадиони на периферијата на градот.

„Ќе отворам компанија која ќе го гради овој стадион, а потоа искрено сакам таа компанија да гради стадиони и за сите други тимови во Серија А“, додаде основачот на инвестициската компанија „Ред Бирд Капитал“, која купи контролен пакет акции во Милан во 2022 година со договор вреден околу 1,2 милијарди евра.

Зборувајќи заедно со Кардинале, легендарниот Швеѓанец Златан Ибрахимовиќ рече дека „Сан Сиро“ носи „одлични спомени, но секогаш има нов почеток за сите“.

Ибрахимовиќ ја заврши кариера во Милан во 2023 година и сега работи како постар советник на сопственикот на клубот.

Градските власти на Милан минатата недела изјавија дека сакаат да видат дали можат да соработуваат со клубовите на евентуална реконструкција на „Сан Сиро“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK