Меси: Европа за мене е затворена приказна! Можев да се вратам во Барселона, но…

Меси-Европа-за-мене-е-затворена-приказна-Можев-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси призна дека завршил со европскиот фудбал, со што отфрли некои тврдења дека би можел да игра за Барселона како позајмен играч од Интер од Мајами!


Меси во интервју за француски „Лекип“ потврди и дека бил блиску до враќање во Барса во 2021 година, но …ж

– Можев да се вратам во Барселона, но тоа не се случи. Кога заминував во 2021 година, тоа се случи одеднаш. Мојата прва идеја секогаш беше да се вратам дома, повторно да играм во дресот на Барселона, таму да ја завршам кариерата. Отсекогаш сум сонувал за тоа. Но, тоа не беше можно. Затоа решив да дојдам во Интер Мајами – изјави Меси и додаде:

– Имав многу понуди. Сосема различни. Од Барса, други европски клубови, од Саудиска Арабија… Но, веднаш го избрав Мајами и среќен сме поради тоа, бидејќи овде се чувствувам многу добро. Уживам во секој ден поминат со семејството. Заедно можеме многу, во секој момент можам да бидам со сопругата и децата кои најмногу ми недостигаа. Мајами е спектакуларен град, со одлична клима.

На прашањето дали европскиот фудбал е затворена приказна, Меси рече:

– Да мислам дека. Фала му на Бога, имав среќа да имам феноменална кариера, освоив се што сонував во Европа, каде играв толку долго. Направив нов чекор со доаѓањето во САД, па не верувам дека некогаш ќе се вратам да играм во Европа. Секако дека цел живот ќе ми недостига да играм во Лигата на шампионите или Ла Лига, бидејќи тоа се игри со посебен шмек. Но, јас уживам овде колку што можам, па не се чувствувам фрустриран – рече Меси и откри дека се уште не знае што ќе прави по крајот на кариерата:

– Знам дека ќе се вратиме да живееме во Барселона. Тоа е нашиот дом, каде што ги имаме нашите навики, нашите пријатели. Но, немам поим што ќе правам. Не ни размислував, ниту сакам. Сакам да уживам во годините пред мене како фудбалер, да го правам она што отсекогаш сакав да го правам како момче. И кога ќе ги обесам моите чизми на колче, ќе го барам мојот нов пат. Тренер? Не верувам. Но, дефинитивно ќе има нешто во фудбалот, бидејќи тоа е целиот мој живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK