Трикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека има намера да остане до крајот на договорот со Ред Бул до 2028 година. Со оваа изјава, Холанѓанецот стави крај на шпекулациите дека би можел да се пресели во Мерцедес.
По втората сезонска победа на Ферстапен во Саудиска Арабија, одекна изјавата на шефот на Мерцедес,, Тото Волф.
„Нема тим што не би сакал Макс да вози за нив“, рече Волф.
Ферстапен одговори на тоа.
„Секога сме се почитувале со Тото, и покрај некои несогласувања кои се нормални. Секако дека е убаво да се слушне кога некој те цени на тој начин“, изјави Макс.
Холанѓанецот одговори и дали би прифатил понуда од Мерцедес.
„Имам договор до 2028 година со Ред Бул. Кој знае што ќе се случи тогаш, дали воопшто ќе возам во Формула 1“, изјави Ферстапен.
Шампионатот во Формула 1 продолжува со трка во Австралија на 24 март.