Меклемор уапсен за силување

usa_today_18046858.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот кошаркар Бен Меклемор е уапсен и приведен во Орегон, под обвинение за силување и други сексуални престапи.



Меклемор девет сезони играше во НБА, со просек од девет поени во 556 натпревари.

Беше седми пик на Сакраменто Кингс на драфтот во 2013 година, а играше и за Мемфис Гризлис, Хјустон Рокетс, ЛА Лејкерс и Портланд Блејзерс.

Познат по одличниот шут за три поени, 31-годишниот бек потпиша договор со Бреоган пред почетокот на оваа сезона.

Во шпанската АЦБ има просек од 13,7 поени, а последниот натпревар го одигра на 6 април.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK