Мекинро: Ѓоковиќ и Џордан се во иста категорија

Мекинро-Ѓоковиќ-и-Џордан-се-во-иста-категорија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Џон Мекинро, поранешниот светски рекет број еден, а сега стручен коментатор на Еуроспорт, даде кратко интервју за хрватскиот Индекс, во кое најмногу зборуваше за Новак Ѓоковиќ.

„Луѓето можат да го мразат или сакаат, но за мене тој е еден од најголемите, не тенисери, туку спортисти во историјата. Има неверојатни физички предиспозиции, а ментално подготвени спортисти како него имаше многу, многу малку. Желбата за победа, интензитетот во неговата игра, тоа е импресивно. За мене тој е во иста категорија со Мајкл Џордан“, изјави Мекинро.

Американецот вели дека денешниот тенис е предвидлив.

„За тоа е виновен Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња. Нема да кажам најголемиот, но сигурно е дека е најдобриот. Тој го подигна тенисот на друго ниво и мислам дека дури сега почнуваме да го цениме“.

Според Мекинро, Србинот нарушил се во светот на тенисот.

„Ги имавме Федерер и Надал и сите сакаа тие да бидат најдобри. Сепак, Ѓоковиќ е најдобар. Мора да го цениме тоа. Не знам како го одржува тоа ниво, но знам дека не може да трае вечно. Тоа е единствената сигурна работа.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK